ИНФОСИГНАЛ Дооел Скопје е македонска компанија формирана во 1991 година која се занимава со сервисирање, одржување, продажба и изнајмување на информатичка опрема. Инфосигнал со својот концепт на работа и услуги е во можност да Ви понуди комплетно решение и поддршка во делот со информациските системи.
Нашето долгогодишно искуство покажало дека на пазарот му е потребен сервис со високи стандарди за квалитет, брзина и ефикасност, а ние сето тоа им го обезбедуваме на нашите клиенти.
- За нашите клиенти да поставиме чувство на сигурност и постојано растечка вредност.
- Да понудиме индивидуални решенија кои го прават секојдневното канцелариско работење поедноставно и поефикасно.
- Сервис ориентирани
- Хуманост. Ние сме одговорни членови на заедницата, се бориме за здравјето, безбедноста и животната околина за нашите вработени и за заедницата.
- Грижа за вработените како дел од нашето деловно семејство
Овие вредности бараат високи стандарди на етичко однесување и меѓусебно почитување
Нашата визија е да бидеме водечка бизнис компанија на сервисни услуги од областа на информатичката технологија, а нашите клиенти да нѐ препознаваат како високо компетентен сервис и организација којашто може да им ја даде највисоката сервисна поддршка.