Нашата цел е да обезбедиме највисоко ниво на доверливост и безбедност на личните податоци на посетителите на нашата веб-страна  www.infosignal.com.mk

Овие правила за заштита на личните податоци ги објаснуваат начините преку коишто ги заштитуваме личните податоци на нашите посетители, како и сите информации коишто ни се доставени. Правилата за приватност можат да бидат дополнувани или менувани со специфични услови кои имаат поврзаност со веб-страната.

 

 Кои податоци може да ги собираме?

  • Име и презиме;
  • Е-маил;
  • Телефонски број;
  • Адреса од лична карта или адреса на престој;

Го задржуваме правото да побараме дополнителни податоци.

 

Податоците на нашата веб-страна се преземаат и обработуваат на следните начини:

  • Со внесување на контакт информации преку формите за таа намена

 

Како ќе се користат податоците?

Податоците кои ќе ни ги доставите ќе бидат запишани електронски и може да се користат за следниве цели:

  • За статистички цели;
  • За да контактираме со Вас.

Сите податоци кои ги оставаат посетителите на нашата веб-страна или ги даваат преку директна комуникација на нашите вработени, ни овозможуваат да обезбедиме информации во врска со нашите  услуги. Сите обезбедени податоци може да се користат за исполнување на договорните обврски помеѓу страните. Доколку направиме одредени промени на веб-страната, податоците што ги давате може да се користат за да Ве информираме за таквите промени.

 

Чување на личните податоци

Информациите кои ги чуваме може да се споделуваат помеѓу вработените, со што се обезбедува обработка и складирање на овие податоци. Со користење на оваа веб-страна, давате согласност за пренос и складирање на ваквите податоци.

Податоците се чуваат во безбедно. Испраќањето на податоци преку интернет не е целосно безбедно. Сепак, сајтот гарантира дека ги презема сите разумни мерки за заштита на информациите што ги доставувате по електронски пат преку Вашиот профил.

Посетителот на веб-страната е одговорен за податоците кои ги испраќа електронски. Може да Ви биде дозволен пристап до делови од нашата веб-страна, за кои е потребна лозинка. Одговорни сте за безбедноста и доверливоста на Вашите лозинки.

 

Обработка и пренос на лични податоци

Во определени случаи, постои можност да ги направиме достапни Вашите податоци, но само на субјекти кои се поврзани со нас, а кои обезбедуваат исто ниво на заштита со нивото кое го обезбедува Инфосигнал.

Со користењето на нашата веб-страна, се согласувате дека откривањето на податоци на трети лица може да биде, меѓу другото, и во следниве случаи:

  • Во случај на законски основано барање од трети лица, вклучувајќи ги и државните органи;
  • Во случај на спречување на потенцијални или постоечки активности за финансирање на тероризам или прекршувања на правилата за перење на пари;

 

Линкови до веб-страните на трети страни

Нашата веб-страна може да содржи линкови до веб-страните на трети лица. Овие веб-страни имаат сопствени правила за заштита и користење на личните податоци, коишто ги прифаќате кога ја посетувате соодветната веб-страна. Не преземаме никаква одговорност за наведените веб-страни на третите лица.

 

Контакт со Вас

При посетата на оваа веб-страна и давањето на Вашите лични податоци и информации за контакт, се согласувате да ги добивате нашите евентуални соопштенија, на некој од Вашите уреди за комуникација, преку било кој достапен дистрибутивен канал. Притоа, имате право да побарате од нас да престанеме да Ви испраќаме пораки на е-маил или друг комуникациски пат во секое време.

 

Пристап до информации

Во согласност со важечките законски одредби, имате право да барате:

  • Да Ви се достават информации за обработка на лични податоци;
  • Да се запре обработката на личните податоци;
  • Да се дополнат, изменат или избришат информации за обработка на личните податоци.

Контакт

Адреса: ул. 50-та Дивизија 41а

Сашко Бурчевски,
sashko.burchevski@infosignal.com.mk